Робот кој открива дали вашето дете е надарено за математика, програмирање…

1607

Подучувајќи ги децата во камповите на науката, пријатно се изненадил од тоа колку децата се способни да научат преку таквата настава.

Охрабрени од искуството, дизајнирал образовна онлајн платформа преку која може да се следи изработката на робот.

Токму така децата најдобро учат и ја сфаќаат тајната на роботиката, електротехниката и програмирањето, објаснува Марин Трошељ, еден од авторите на оваа иновативна идеја.

Последните осум години работи како ментор во камповите за надарени и високо мотивирани деца во Вишњан и преку работата со нив се роди идејата за проект кој би ги поврзал со основите на роботиката.

“Една недела работам со група ученици на научно-технолошки проект. Ме фасцинираше колку децата можат да научат кога ќе се фатат за нешто конкретно, а воедно вистинската среќа и радост на нивните лица ме исполнуваа по седум дена напорна работа на завршните презентации. Еден од проблемите на вишњаните е тоа дека не можат да сместат толку деца, колку ќе се пријават во кампот (едноставно нема место) и затоа почнав да размислувам дека би било одлично ако искуството кое децата го стекнуваат во Вишњан се прошири на поголем број луѓе. Така се роди идејата за создавање онлајн платформа за проектно учење на т.н. STEM области (наука, технологија, инженерство и математика). Проектот започнвме да го разработуваме надвор во Научно-технолошкиот парк на Универзитетот во Риека, каде е и инкубирано здружението”, вели Трошељ.

Подеднакво се воодушевени и родителите и децата

Станува збор за платформа која им овозможува на децата во исто време да учат електроника, математика и изработка на апликации, а креаторите се поранешни студенти на ФЕР. “Со роботот се управува преку паметен телефон, има различни видови на одење и многу сложени и живи движења. А посебна карактеристика е додатокот кој доаѓа со роботот, а тоа се образовните видео лекции. Всушност, кога корисниците ќе го добијат роботот во делови, се поврзуваат со платформата STEM и подложени се на процесот на изработка на роботот, истиот оној низ кој поминувале момците кога го изработувале. Така, преку составување на роботот се учи 3D моделирање, електроника, математика, програмирање и изработка на мобилната апликација”, вели овој млад човек.

И децата и родителите не ја кријат својата радост кога за прв пат ќе се сретнат со STEM, а еден од примерите на кои се сеќава се случил минатата година за време на изложбата на иновации.

“Кога бевме на изложбата на иновации ARCA 2015 година, децата видоа роботи на телевизија и ги убедуваа родителите да ги однесат на изложбата со цел да се играат со нив. Тоа за нас е одличен показател дека сме на вистинскиот пат. За родителите роботот е супер, бидејќи нивните деца се задоволни и низ игра учат важни области. Голем интерес се појави, исто така, меѓу наставниците и едукаторите кои постојано нѝ се јавуваат и би сакале нашиот робот да го вклопат во работата со учениците“ задоволно коментира Трошељ.

Стигнуваат пред-нарачки

Иако роботот не е во моментов на пазарот, интересот на луѓето е голем, а листата на пред-нарачки за хрватските училишта секој ден е сѐ подолга.

“Со цел да се испита интересот на луѓето за нашата идеја, направивме кампања на групното финансирање на платформата Indiegogo. Таму ја презентиравме идејата и голем број на луѓе и компании (275) финансиски ја поддржаа, при што собравме 35.000 американски долари. Добивме пред-нарачки за производство на 150 роботи, од кои една третина ќе биде донирана на училиштата во Хрватска, благодарение на голем број на големи компании, раскажува креаторот на оваа платформа”.

На самиот почеток на кампањата целиот тим работеше волонтерски, а во проектот се инвестирани околу 10 илјади куни (1331.29) за патни трошоци и опрема за изработка на прототипот на роботот. Трошељ вели дека не сака да ги открие идеите за идните проекти. Откако еднаш направите нешто што оди, желба ви е да започенете со изработка на нешто што лета.