Денеска првиот контролен со Србија

129

Македонската ракометна репрезентација ќе го одигра првиот контролен натпревар со Србија во рамките на подготвителниот период за Светското првенство во Германија и Данска.

Натпреварот ќе се одигра во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 20 часот и ќе биде од отворен тип со слободен влез.

Вториот контролен натпревар со истата репрезентација е еден ден подоцна, но ќе биде од затворен тип.

– Ракометната Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на македонскиот ракомет да бидат дел од овој подготвителен период на Македонија и да дадеме поддршка за претстојното СП 2019, стои во апелот на РФМ.

Селекторот на машката сениорска репрезентација Г-дин Раул Гонзалез дополнително го скрати списокот на ракометари во подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

Припремите на ракометарите ќе продолжат без Томислав Јагуриновски и Ласко Андоновски.

Ракометната Федерација на Македонија вчера и официјално го промовира новиот дрес со кој ќе настапат избраниците на Раул Гонзалес на СП 2019 во Герминија и Данска.