Малата Grace Bedell од Westfield, Indiana US, го променила ликот на американската историја, но и изгледот на банкнотата од пет долари, на која се појавува брадестиот лик на 16-от американски претседател.
Сајтот mashable ја објави приказната за познатата брада што Lincoln ја популаризирал за време на неговиот прв претседателски мандат, помеѓу 1860 и 1864 година. Оваа мода ја иницира 11-годишната Grace со нејзиното писмо до идниот претседател на САД. Дотогаш, 51-ногодишниот Lincoln, секогаш имал избричено лице.
Во своето писмо од 15 октомври 1860 година, девојчето го посоветувала Lincoln да пушти брада за да го направи попривлечен за жените.
– Лицето ви е толку тенко. Сите жени сакаат брада и сигурно би ги охрабриле своите сопрузи да гласаат за вас и да ве направат претседател“, напишала Grace.
Четири дена подоцна добила одговор:
„Никогаш не дозволив да ми израсне брадата, зарем не мислите дека луѓето би помислиле дека е глупаво ако го направам тоа сега?“.
Сепак, се чини дека Lincoln го послушал советот на девојчето, бидејќи еден месец подоцна тој првпат се појавил во јавност со брада; и победил на изборите.

За време на неговото инаугуративно патување помеѓу Ilinois и Washington, Lincoln побарал поворката да застане во Westfield каде што побарал да се сретне со Grace.
Grace, погледни ја мојата брада. Ја пуштив поради тебе – ќе раскаже подоцна малото девојче.
Сто и педесет години подоцна, Lise Bedell, 23-годишна стажантка во Конгресот, ја открила приказната за нејзиниот далечен братучед на изложбата посветена на Abraham Lincoln. Ја прочитала преписката меѓу нејзината пратетка и претседателот изложена во една од витрините.
– Солзи ми дојдоа кога го прочитав писмото што Grace Bedell му го напиша на Abe Lincoln. Пораснав со таа приказна, во која никогаш вистински не верував – напишала Lise во книгата на впечатоци.
Abraham Lincoln е убиен на 15 април 1865 година, на почетокот на неговиот втор мандат. Тој е застрелан од јужњачкиот фанатик John Wilkes Boot во театарот на Ford во Washington.
Abraham Lincoln се смета за еден од најголемите американски претседатели. Тој се спротивстави на ропството, кое дефинитивно е укината со прогласот направен по завршувањето на Сецесионистичката војна во 1865 година.