Како најлесно да прочитате личност родена во знакот Овен?

86

Овните се провокативни, гласни, енергични, не се плашат од ништо, па дури ниту од тоа да бидат забележани каде и да се појават.

Се движат карактеристично, гестикулираат, а сето тоа јасно ја оддава нивната непостојаност, дека не им е удобно постојано да се иан исто место и дека сакаат што побрзо да „истрчаат“ до зацртаната цел.

Се чувствуваат повикани да имаат мислење на секоја тема, дека треба да реагираат на сè што се случува околу нив и да даваат совети дури и кога никој не го очекува тоа од нив, а реакциите им се навистина бурни.

Често се вели дека Овните одат од една во друга крајност и навистина им е тешко да ја избалансираат таканаречената „златна средина“. Не се задоволуваат со „ронки“, или даваат сè или не даваат ништо.

Важат за тешки и тврдоглави личности кои секако си тераат по свое. Нивните реченици секогаш започнуваат со „јас“, сакаат да бидат гласни и надмени, а генерално, не се најидеалниот соработник кој можете да го имате. Го цени мислењето на пријателите, но не му е нешто особено релевантно.

Некогаш неговата природна дрскост може да претера со искреноста и да навреди, но тоа лесно му се простува, бидејќи умее да ја докаже својата приврзаност на друг начин. Не се извинува, но секогаш успева да се искупи.