Седум симптоми на леукемија кои не смеете да ги игнорирате

203

Леукемијата е најчест карцином кој се јавува кај деца и тинејџери. Како и многу видови на рак и леукемијата во почетната фаза е асимптоматска. Но, бидејќи крвта тече низ целото тело, овој карцином брзо се шири.

Постојат неколку видови на леукемија, односно акутната леукемија, која се третира со комбинации на хемотерапија, потоа хронична лимфоцитна леукемија, која се јавува кај постари лица, акутна миелобластна леукемија и акутна лимфобластна леукемија.

Симптоми на леукемија

Анемијата е состојба во која на вашата крв ѝ недостигаат доволно здрави црвени крвни клетки за да пренесуваат кислород низ телото. Како резултат, вашите клетки може да почнат да гладуваат. Симптомите на анемија вклучуваат замор и бледа кожа.

Леукемијата исто така може да предизвика лесно крварење. Ако откриете дека дури и најмал удар ви остава модринки, тоа може да биде знак за предупредување.

Леукемијата исто така може да предизвика појава на крв во урината или столицата и да ја зголеми фреквенцијата на крварење од носот или да предизвика вашите непца да крварат додека јадете или миете заби.

Леукемијата ве прави подложни на инфекции. Предизвикува почести воспаленија на грлото или бронхијална пневмонија, вклучувајќи висока температура, главоболка, рани во устата или осип на кожата.

Кога се предизвикани од леукемија, отечени лимфни јазли обично се појавуваат во грлото, пазувите или препоните.

Иако леукемијата не го напаѓа директно вашиот дигестивен систем, придружните клетки на ракот произведуваат супстанции за кои е познато дека го менуваат начинот на кој телото ја метаболизира храната. Ако нагло изгубите тежина или имате многу ослабено, време е да одите кај вашиот лекар.

Се појавуваат потешкотии со дишењето, лицето лесно го губи здивот.

Зголемената слезина може да предизвика непријатност или остра болка во случај на леукемија. Бидејќи слезината се наоѓа во горниот лев дел на абдоминалната празнина, таму исто така се појавува болка.