Локалитети на спирулина

844

Денес, многу познатата сино-зелена алга спирулина е пронајдена во многу езера и океани.

Богатa е со витамини и важни хранливи материи, поради што ја заслужува својата светска популарност.

Ги содржи сите 9 есенцијални масни киселини и има дури 10 пати повеќе бета каротен од морковот. Прво се одгледувала во Кина, Австралија и Хаваи, а денес се среќава во различни делови на светот. Во моментов најчесто се користи како подготовка на бројни додатоци во исхраната.

Од Ацтеките до модерните времиња

Спирулината се смета за еден од најстарите извори на храна, а записите покажуваат дека ја консумирале и Ацтеките во 16 век. Некои историски записи тврдат дека спирулината се користи како прехранбен производ повеќе од илјада години.

Со оглед на тоа што се користи толку долго, не е чудно што постојат голем број на препознаени придобивки од оваа алга врз човечкото тело, а во продолжение ви ги претставуваме некои од најважните.

Одлична е за детоксикација

Поради своите детоксикациски својства, спирулината е одличен избор за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот насобрани токсини и нечистотии во телото и крвта. Исто така, спирулината има моќно антиинфламаторно дејство, поради што е многу добра во спречувањето на хронични воспалителни болести како што е ревматоидниот артритис. Исто така, таа:

  • го намалува нивото на слободните радикали во телото
  • ја стимулира регенерацијата на клетките
  • помага да се намали нивото на стрес хормони кои го зголемуваат ризикот од развој на голем број болести

Борбата против вишокот килограми

Доколку имате проблеми со вишокот килограми, спирулината е одличен сојузник во таа борба. Имено, помага при контрола на апетитот и ја ублажува желбата за грицки со тоа што создава чувство на ситост, што последователно влијае на полесно одржување на здрава телесна тежина.

Придобивките од спирулината во борбата против вишокот килограми може да се прочитаат и по тоа што има голем дел од протеини, витамини и минерали, што и дава дополнителна енергија, а воедно не содржи шеќери и јаглехидрати.

Внимание при конзумирање на спирулина, никогаш доволно

Иако спирулината е одличен извор на витамини, минерали и протеини, експертите често истакнуваат дека потребата од хранливи соединенија сепак најдобро се задоволува со јадење разновидна храна и усвојување здрави навики во исхраната.

Кога купувате спирулина, важно е добро да размислите за нејзината чистота, бидејќи денес таа се одгледува и во чисти и нечисти води низ светот, па може да содржи голем дел од тешки метали (железо, жива, арсен).

Токму поради опасноста од труење со тешки метали, пред да започнете со конзумирање на спирулина, секогаш треба да го проверите нејзиното потекло и многу внимателно да ја користите при конзумирањето за да не се појават несакани појави.