Оваа приказна ме трогна и ме промени засекогаш | Поучна приказна

599

Кога ја прочитав оваа приказна, се сетив на сите такви случаи и мисловно се извинив – на сите за кои кажав лош збор и ги осудив без да ја знам вистинската позадина.

Оваа приказна ме трогна и ме промени засекогаш. Нема никогаш да ја заборавам.

Еве ја приказната.

Возрасен маж патувал во возот со својот 25-годишен син. Двајцата стоеле еден спроти друг во кабината и во молк гледале низ прозорецот. Кога возот тргнал, младиот човек одеднаш почнал радосно да мавта со рацете и извикал ентузијастички:

– Тато, види, дрвјата се движат наназад!

Таткото само се насмевнал и продолжил да го набљудува пејзажот надвор.

Во исто купе патувала и брачна двојка. Двајцата сопружници се загледале и едвај забележливо се насмевнале, очигледно збунети од детската реакција на младиот човек.

За кратко младичот повторно се насмевнал. Го отворил прозорецот и воодушевено почнал да коментира:

– Тато, тато, види! Облакот оди заедно со нас! А ова е езеро!
– Да, сине … – ласкаво се насмевнал таткото.

Двојката продолжила да набљудува од страна и да дава чудни коментари за целата ситуација, која очигледно за постариот човек била сосема нормална.

По некое време заврнало дожд. Младиот човек веднаш скокнал и извикал:
– Тато, ова е дождот! И тој ме допира! Ги гледаш ли капките дожд?

Брачната двојка не издржала и гласно кажала: Господине, зарем не мислите дека треба да го однесете вашиот син во некоjа болница и да побарате помош од специјалист?

– Ние токму од таму се враќаме, каде што мојот син имаше комплицирана операција на очите. Денес е првиот ден во неговиот живот, во кој тој гледа … – тивко одговорил постариот маж.

♡BuBaLe♡

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.