Искачувањето на карпата Улуру една од најголемите знаменитости на Австралија е забрането од 26 октомври 2019 година.
Одборот на Националниот парк Улуру-Ката Тјута која главно ја сочинуваат Абориџини, сопствениците на земјиштето, едногласно изгласале за забрана за искачување на карпата поради нејзиното религиозно значење.
Еден од сопствениците на земјиштето од народот Ананга, Семи Вилсон рече дека тоа е „многу важно место, а не игралиште или забавен парк како Дизниленд“.
Припадници на народот Ананга секогаш одбивале искачување на карпата Улуру затоа што ја сметаат за свето место. Вилсон рече дека посетата не се забранува на таа област, туку само искачување на карпата.
Црвената карпа во националниот парк Улуру-Ката Тјута, близу Елис Спрингс, е на две илјади километри северозападно од Сиднеј.
Управата на Националниот парк уште во 2010 година објавила дека ќе забрани искачување на карпата доколку се намали бројот на заинтересираните посетители и се одлучат на други активности.
Податоците на Парковите на Австралија укажуваат дека на карпата имало само 16 отсто посетители од 2011 година до 2015 година, додека во 1990 година се искачиле 74 отсто. Карпата годишно е посетена од 300.000 луѓе најмногу Австралијанци и Јапонци.
Последен ден за искачување на карпата е 26 октомври 2019 година.