Дали „Портата на пеколот“ се затвора?

373

Пожар што гори повеќе од половина век наскоро би можел целосно да изгасне.

Една од најголемите туристички атракции во Туркменистан, создадена од човекот, наскоро би можела да исчезне.

Уште во 2022 година, Туркменистан објави дека им е доста од пожарите од таканаречените „порти на пеколот“, а сега туркменските власти објавија дека огромните пламени што горат повеќе од педесет години во огнен кратер, во пустината Каракум, се значително контролирани. Очигледно е дека станува збор за драматична еколошка промена поврзана со овој пожар што трае со децении.

Пожарот започна во 1971 година кога советските геолози случајно дупчеле џеб богат со метан. Верувајќи дека палењето е побезбедно од неконтролирано ослободување, тие го запалиле гасот, несвесни дека ќе гори со децении.

Со години, кратерот што татни испуштал огромни количини метан, моќен стакленички гас. Иако обвиткан во тајност, местото станало најпознатата туристичка атракција во Туркменистан. Владата сега го намали пожарот за две третини, иако не дала точна временска рамка.

Додека порано огромниот сјај од пожарот бил видлив од неколку километри оддалеченост, па оттука и името „Пеколна порта“, денес останува само слаб извор на согорување, изјави Ирина Лурјева, директорка на државната енергетска компанија Туркменгаз.

Зборувајќи на конференција за животна средина во Ашхабат, Лурјева рече дека метанот сега се вади преку бројни блиски бунари.

Туркменистан има четврти најголеми резерви на гас во светот и, според Меѓународната агенција за енергија, е најголемиот емитер на метан во светот преку протекување на гасот. Ова тврдење туркменските власти го отфрлаат.

Извор: Science Alert/AFP