Научниците сѐ повеќе загрижени ! Пронајдена микропластика со големина на зрно ориз во човечки орган

483

Сеприсутниот загадувач „влегол во атмосферата, слатководните и копнените екосистеми и навлегува во морската храна, морската сол и флашираните пијалоци“.

Научниците пронашле микропластика во примероци од генитално ткиво од шест мажи третирани за еректилна дисфункција.

Откритието „покренува прашања за последиците од загадувачите на животната средина врз сексуалното здравје“, велат научниците од University of Miami и германскиот Helmholtz-Zentrum Hereon research center.

Микропластиката обично е нуспроизвод на пластичниот отпад кој безгрижно се распаѓа во природата.

Фрагментите се со дијаметар до 5 милиметри или со големина на зрно ориз.

Сеприсутниот загадувач „влегол во атмосферата, слатководните и копнените екосистеми и навлегува во морската храна, морската сол и флашираните пијалоци“, велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во The International Journal of Impotence Research, помалку од еден месец откако тим научници од University of New Mexico откриле микропластика во тестисите на луѓето и кучињата.

Други неодамнешни истражувања покажале дека дури и помалите пластики, нанопластиките, влегуваат во човечката крв и преминуваат од мајка на бебе во утробата.

Според неодамнешното соопштение на Европскиот парламент, количината на отпад од пластична амбалажа во Европската унијасе зголемил од 66 милиони тони во 2009 година на 84 милиони тони во 2021 година“.

Други проценки покажуваат дека годишното глобално количество пластичен отпад надмина 400 милиони тони годишно. Во последниве години, богатите земји биле обвинети дека извезуваат ѓубре на депониите во Азија за отстранување, што всушност шири микропластичко загадување.