ПООТПОРНИ НА КОВИД / Откриено е зошто децата подобро ја толерираат инфекцијата – Една ствар е клучна

1951

Истражувањата покажаа дека имунолошкиот систем кај децата е подобро подготвен за напад на коронавирусот отколку кај возрасните.

Одамна е познато дека коронавирусот кај децата најчесто предизвикува само благи проблеми, но досега не беше целосно јасно зошто е тоа така.

Новото истражување покажа дека имунолошкиот систем на детето е подобро подготвен за напади на коронавирусот отколку имунолошкиот систем на возрасно лице благодарение на клетките во горниот респираторен тракт кои се постојано во состојба на готовност.

Успеваат подобро да го одбијат вирусот

Ова е причината зошто телото на детето брзо успева да го “отфрли” вирусот во случај на инфекција, односно пред да се размножи масовно. Ова веројатно објаснува зошто децата многу поретко заболуваат од ковид, отколку возрасните, напишаа научниците од берлинскиот и хајделберговиот универзитет во списанието Nature Biotechnology.

„Сакавме да откриеме зошто одбраната против вирусот очигледно работи многу подобро кај децата“, рече Irina Lehmann, раководител на Одделот за молекуларна биологија во Берлинскиот здравствен институт (BIH).

Во потрага по одговор, научниците земале клетки од носната слузница на 42 здрави и 44 болни возрасни и деца. Потоа, меѓу другото, тие ја анализирале активноста на одредени гени во одделни клетки. За брза борба против вирусот, мора да бидат активни таканаречените рецептори за препознавање, кои иницираат одбрана на телото, објаснуваат тие.

Имунитетот фатен на “спиење”

И токму овој систем во клетките на горниот респираторен тракт и во некои клетки на имунолошкиот систем е многу „буден“ кај децата, покажа анализата. Кај возрасните, напротив, „системот за рано предупредување“ е фатен неподготвен, и во тој случај вирусот се шири побрзо и поефикасно.

„Научивме од оваа студија дека не постојат само фактори на ризик за ковид, туку и фактори на заштита“, рече Lehmann.

Авторите тврдат дека нивните наоди би можеле да го отворат патот за нови истражувања за тоа дали научниците можат превентивно да стимулираат заштитна реакција на коронавирусот кај пациенти со висок ризик за да го доведат до нивото што го имаат децата изложени на вирусот.