Научниците веруваат дека Phiomicetus anubis е најраниот тип на полу-морски кит.
Научниците откриле нов вид кит со четири нозе во Египет, кој живеел пред околу 43 милиони години. Фосилот на водоземецот со латинско име Phiomicetus anubis е откриен во Западна пустина во Египет, област на Сахара, која се наоѓа западно од реката Нил. Неговиот череп потсетува на черепот на Anubis, древниот египетски бог на мртвите кој имал глава на чакал, а го добил името по него, пишува BBC.
Предците на денешните китови потекнуваат од цицачи слични на елени кои живееле на копното 10 милиони години. Phiomicetus anubis тежел околу 600 килограми, бил долг три метри и имал силна вилица за да фати плен, покажа студијата чии резултати се објавени во средата во Зборникот на кралското друштво.
Најраниот тип на полу-морски кит
Палеонтолозите веруваат дека телото на овој морски цицач било приспособено за пливање и живеење во вода, но и одење по копно. Делови од неговиот скелет се пронајдени во египетската депресија Фајум, а е анализира од научници од Универзитетот Mansura. Во оваа сега пустинска област богата со фосили, некогаш имало море.
„Phiomicetus anubis е клучен новооткриен вид на кит и е важно откритие за египетската и африканската палеонтологија“, вели главниот автор Abduah Gohar за Reuters.
Иако ова не е првпат научниците да откријат фосил на кит, се верува дека Phiomicetus anubis е најраниот тип на „полу-морски“ кит откриен во Африка.
Еволуирале од мали копитари во сини китови
Се веруваше дека китовите еволуирале во Јужна Азија пред околу 50 милиони години. Бидејќи нивните тела постепено се прилагодуваа сѐ повеќе на водата, тие мигрирале во Северна Африка и Северна Америка, каде што се пронајдени и други фосили.
Најновото откритие сугерира дека раните китови допливале таму од Јужна Америка. Палеонтолозите веруваат дека китовите се култен пример за еволуцијата бидејќи еволуирале од мали копитари во сини китови, а потоа постепено ги освоиле океаните.
Тим на палеонтолози откри фосил од кит стар 43 милиони години, во Перу во 2011 година. Имал четири нозе, кожичка за пливање и копита. Овој древен кит, токму поради екстремитетите и силната опашка, може да се спореди со дабар или видра.



















