Аеродромот „Солидарност“ во Варшава, Полска, треба да се отвори до 2032 година и се очекува да опслужува милиони патници годишно, конкурирајќи му на Хитроу и Дубаи.
Новиот мега-аеродром во Полска планира да прима летови на долги релации за да стане централен аеродром.
CPK, како што е познат на полски, ќе биде трансформиран во аеродром со нов терминал дизајниран од Foster + Partners и Buro Happold. Дизајнот беше откриен во 2023 година, покажувајќи огромен терминал, а сега компаниите бараат изведувач за да го изгради.
„Веруваме дека CPK целосно ќе го промени начинот на кој луѓето патуваат по Полска, а исто така ќе стане нова влезна точка во Европа и остатокот од светот“, рече Grant Brooker, раководител на студиото во Foster + Partners, пишува The Sun.
Првично, аеродромот Солидарност беше изграден за да го замени аеродромот Шопен во Варшава, кој се приближувал до својот капацитет. Но, новиот, масивен аеродром наместо тоа ќе го надополни постојниот.
Аеродромот „Солидарност“ ќе биде сместен 38 километри надвор од Варшава и ќе ги поврзува сите поголеми полски градови. Проценетата цена на изградбата е 25 милијарди фунти, а се очекува да опслужува милиони патници годишно.
Главниот терминал на аеродромот „Солидарност“ првично ќе може да прима 34 милиони патници годишно – односно 11 илјади патници на час.
Во периоди на зголемен сообраќај, терминалот би можел да прими до 44 милиони патници годишно без да ги наруши операциите, според „Global Construction Reviewu“. Дизајнот е во завршна фаза, а претходни промени се направени на покривот, ходниците, чекалните и автобуската станица, со цел зголемување на удобноста на патниците.
Трета писта и дополнителните проширувања на терминалот треба да го зголемат бројот на патници на 65 милиони до 2060 година. Аеродромот е предвидено да се отвори во 2032 година.