Истражувачкиот брод RV Flip е единствениот брод во светот способен да се префрли од хоризонтална во вертикална положба среде океан.
Flip не е мал брод, долг е околу 108 метри и тежи 700 тони.
Инженерите го дизајнирале да може да се движи во вертикална положба со 90 степени директно, така што предниот дел на бродот на врвот е висок 17 метри (т.е. 5-катна зграда), додека на дното е потопениот дел долг 91 метар. т.е дека најголемиот дел од бродот е потопен под вода.
Процесот на трансформација трае околу 30 минути. Морската вода се пумпа во огромни резервоари во задниот дел на бродот, што овозможува бродот да дојде до вертикална положба.
Овој брод се смета за еден од најважните бродови во областа на научното истражување на морињата и океаните