Новото истражување покажува уште една корист од црното чоколадо – тој е основен предуслов за најдобар сон. Производот е богат со магнезиум – важен минерал за метаболизмот.
Така од вкусен десерт, чоколадото се покажа и како одличен помошник, задржувајќи го ритамот на телото.
Магнезиумот се содржи во многу други производи, како зеленолистниот зеленчук, ореви, семиња, риба, зрнести плодови, авокадо, јогуртот, бананите и сушеното овошје. Минералот го одржува имунолошкиот систем здрав, важен е и при превенција на некои видови на рак, се намалува ризикот од срцев удар.
Истражувачите од Кембриџ и Единбург сепак докажуваат дека магнезиумот е важен и за дневниот ритам на клетките. Се очекува да биде потврдена и дека е важен и за ослободување на хормони, регулирањето на телесната температура и други важни функции за телото.
Иако пазарот е преплавен од секакви видови магнезиум, лекарите препорачуваат да се надополнува на природен начин – преку исхраната.



















