Што е важно да знаеме пред да ги полниме усните

1197

Зголемувањето на обемот на усните денес стана распространета пракса, речиси колку и процедурите за коламаска.

Во многу од случаите, сепак крајниот резултат се покажува не толку успешен колку што сме замислиле.

Што е важно да знаеме пред да одлучиме да ги поправиме усните?

Различните филери даваат и различни резултати

Најдобрите се направени од хијалуронска киселина која природно се наоѓа во организмот. Таа помага на кожата да стигне до нејзиниот нормален степен на хидратација и мекост. Важно е во детали да разговараме со дерматолог какви резултати сакаме да постигнеме, за да нè советува каков би бил најсоодветниот производ.

Филерите имаат привремен ефект

Кај некои од филерите со хијалуронска киселина ефектот може да трае околу 5 – 6 месеци, кај други е можно да достигне и до една година. Имаме потреба од подготовка пред постапката.

Ако пиеме аспирин, ибупрофен или витамин Е, важно е да прекинеме со пиење една недела пред постапката, бидејќи тие можат да ја разредат крвта. Освен тоа е важно да се запре и потрошувачката на алкохол две недели порано.

Да очекуваме оток и чешање на усните по третманот

По инјектирањето може да се појави оток и чешање на кожата. Студената облога по третманот може да го ублажи отокот.

Можно е да не сме соодветен кандидат за оваа постапка

Ако нашата желба е да го намалиме просторот меѓу долниот дел на носот до устата, филерите не би можеле да помогнат.

Наместо тоа е препорачливо да прибегнеме кон хируршки метод за кревање на усната.

Филерите се погодни за истакнување на горната или долната усна, како и за нивно зголемување.