Тивкиот „спанко“ во мозокот може да објасни зошто жените стареат побавно од мажите

135
Oligodendrocytes (зелени), во hippocampus на мозокот на глувчето. Овие клетки често се влошуваат за време на стареењето.

Инаку, тивкиот Х-хромозом во мозокот на жените може да се разбуди со возраста, откривајќи скриена генетска предност за понежниот пол што промовира подобра когнитивна еластичност и долговечност.

Неодамнешното истражување покажало дека претходно неактивни Х-хромозоми во женскиот мозок може да станат активни со возраста, што потенцијално влијае на когнитивната долговечност кај жените. Овој феномен, забележан и кај глувците и кај луѓето, може да објасни зошто женките доживуваат побавен когнитивен пад и подолг животен век од мажјаците.

Во типичниот процес на стареење, жените имаат помлад мозок, со помалку когнитивни дефицити во споредба со мажите. Овие резултати покажуваат дека тивкиот Х хромозом кај жените всушност повторно се буди доцна во животот, што веројатно помага да се забави когнитивниот пад, објаснува неврологот Dena Dubal од University of California, San Francisco (UCSF) и еден од авторите на студијата, објавена во списанието Science Advances.

– Хромозомот Х претставува околу 5 проценти од човечкиот геном, но останува недоволно проучен во контекст на стареењето, велат Dubal и нејзините колеги од UCSF, предводени од неврологот Margaret Gadek. Додека женските цицачи наследуваат два Х-хромозома, обично само еден е активен во секоја клетка. Сепак, некои гени ја избегнуваат инактивацијата и се чини дека нивната експресија се зголемува со возраста.

M. musculus XX mice with an Xist deletion were crossed with XY M. castaneus mice. XX progeny without an Xist deletion (left) underwent random X chromosome inactivation. XX progeny with an Xist deletion (right) harbor an active X chromosome strictly from the M. musculus strain and an inactive X chromosome from the M. castaneus.

За да истражат, авторите на гореспоменатата студија ги анализирале мозочните клетки на хипокампусот кај женските глувци, споредувајќи два вида на глодари, Mus musculus и M. castaneus. Секвенционирањето на RNK на 40.000 клетки на хипокампусот откри дека помеѓу 3 и 7 проценти од гените на неактивниот Х хромозом избегнале замолчување, особено кај постарите мозоци. Најпогодени се невроните на назабениот гирус и олигодендроцитите, кои се од суштинско значење за меморијата и нервната поврзаност.

Податоците добиени во истражување на луѓе ги потврдија овие наоди. Паралелно со глувците, постарите жени покажале зголемена експресија на PLP1 во парахипокампусот, во споредба со постарите мажи, велат авторите на студијата. Генот PLP1, кој влијае на изолацијата и сигнализацијата на невроните, ја подобрил когнитивната функција кога се изразува кај постарите женски глувци.

Студијата за биологија специфична за жените е историски недоволно застапена во науката и медицината, но таа е важна и брзо се шири, заклучија авторите на студијата.

Извор: Science Alert