Романот на Ф. Петровски плод на креативност или пророштво од светски карактер

534

Посебно внимание треба да се обрати на новиот роман на Филип Петровски. Книгава очигледно отстапува од денешнава преплавеност на книги во светот на книжевноста.

Некои ќе се запрашаат зошто?

Бидејќи овој роман не е само плод на креативност и умешност на составување на психолошка постапокалипсична приказна, туку суштинската идеја потекнува од еден редок прегоратив во душата на самиот автор. Книгава дефинитивно не е од ова сегашно време, туку е плод на душевна визија од друга димензија, визија од идното време.

Писателот Петровски со своето шесто сетило можеби погледнал во иднината, го доживеал идниот момент и го преточил тука, да ни остави порака на сите нам. За сето ова да е вистина, светата потврда ја наоѓаме во моменталните глобални природни катастрофи и човечки проблеми од секојдневниот живот. Дивеењето на пожарите е една од нив, убиствената политика која го загушува човекот ширум светот.

Авторот ни ги наметнува најесенцијалните прашања, Дали ќе преживееме на планетата Земја во блиска иднина? Ќе се уништиме ли самите себе како влог за нов живот таму горе? Дали Матка е само подземна пештера или таму се кријат светски тајни?

Многу интересен момент што самото дејство во книгата е во Република Македонија во 2043 година…На самиот почеток од романов авторот ни дава толку едноставен вовед, со ова реченица: Многу одамна, постоел еден свет што се нарекувал планета Земја… Небото беше Бог а земјата божица. Имало шуми, полни со дрвја, планини, чист воздух, вода и храна…

Сето тоа што се повеќе и повеќе денеска ни недостига и изумира, или се модифицира. Книгава е плод на деценинско искуство и интроспекциски искушенија а како што вели авторот започнал да ја пишува во 2016 година. И самото уметничко дело на Зоран Арсовски на корицата во комбинација со насловот кој не не остава мирни ни праќа една прегласна порака.

Роман кој може да допринесе за освестување од колективно несвесно и здогледување на изворот на глобалните проблеми, и кој вреди во истиот момент да ни биде во рака и да почнеме со читањето на истиот.

Книга кој може да ни ја открие и сервира иднината преку една единствена космичка вистина, книга која е пред нас со многу одговори на сеуште непоставени прашања, кои доаѓаат со брзина на светлината, Книга која може да ни покаже како може да избегаме од штетните последици. Романов може да се купи дирекно од авторот по нарачка, од купикнига.мк, или во ГТЦ во Југотон.