Американската FDA го одобри лекот за слабеење на Eli Lilly

83

Tirzepatid е веќе одобрен под трговското име Mounjaro за дијабетес тип 2.

Американската Администрација за храна и лекови (FDA) одобри лек за слабеење од американската компанија Eli Lilly, овозможувајќи и да влезе на профитабилен пазар што го освои ентузијазмот на Волстрит оваа година.

FDA го одобри Tirzepatid за продажба под името Zepbound за возрасни со индекс на телесна маса (BMI) од најмалку 30 или 27 доколку пациентот има и друга медицинска состојба поврзана со тежината, како што е срцева болест.

Дебелината и прекумерната тежина се сериозни состојби кои можат да се поврзат со некои од водечките причини за смрт како што се срцевите заболувања, мозочниот удар и дијабетесот, изјави во соопштението John Sharretts, директор на Центарот за истражување и евалуација на лекови при FDA.

Tirzepatid е веќе одобрен под трговското име Mounjaro за дијабетес тип 2 и се повеќе се користел за губење на тежината пред официјалното одобрение од Администрацијата за храна и лекови.