Се чини дека подобро когнитивно здравје треба да се бара во – спалната соба.
Научниците постојано се обидуваат да откријат зошто когнитивните способности опаѓаат во староста, како и како да го забават или дури целосно да го запрат овој пад.
И додека претходните студии покажале дека физичката активност во староста е од суштинско значење за здраво тело и мозок, студијата неодамна објавена во The Journal of Sex Research покажа дека сексот во голема мера е одговорен за запирање на падот на когнитивните способности во староста.
Според научниците, при анализата на податоците, тие користеле податоци од Националниот проект за социјален живот, здравје и стареење (NSLHA) на Универзитетот во Чикаго, која е „првата национално репрезентативна студија за пресекот помеѓу социјалните и интимните односи и здраво стареење.”
Овие податоци се клучни за да се утврди дали сексуалниот живот на постарите може на било кој начин да влијае на когнитивниот пад за време на стареењето.
Авторот на студијата, Шенон Шен, доцент по социологија на колеџот Хоуп во Мичиген, истакна дека сексуалноста е „често занемарен“ дел од животот на постарите Американци. Иако има многу истражувања за когнитивното опаѓање, има малку работа што разгледува како интимните општествени односи можат да бидат корисни за когнитивното функционирање“.
Користејќи ги податоците од NSLHA, Шен го ограничи примерокот од студијата на 1.683 луѓе на возраст од 62 години и постари, од кои сите дале целосни информации за нивното когнитивно здравје и биле во некаква форма на сексуално партнерство. Сите 1.683 избрани за студијата биле „женети, во заеднички живот или имале романтичен, интимен или сексуален партнер“.
Резултатите се зачудувачки. Шен открил дека постарите возрасни лица на возраст меѓу 75 и 90 години, кои имале секс барем еднаш неделно, покажуваат подобра когнитивна функција од нивните колеги кои биле помалку сексуално активни.
Интересно е тоа што студијата покажала дека не секој секс е подеднакво корисен за когнитивното здравје. За луѓето на возраст меѓу 62 и 74 години, сексуалниот квалитет бил клучен во одредувањето дали сексуалната активност нуди когнитивни придобивки. Се чини дека подобри резултати постигнале оние кои својот сексуален живот го сметаат за задоволувачки и пријатен. Во превод, постарите луѓе не треба да практикуваат секс ако тоа не им носи задоволство.
За постарите луѓе кои се во врска, сексот е важен за подоцнежната когнитивна функција, но тоа зависи од возраста и аспектот на сексуалната врска, објаснува Шен. Оние на возраст од 75 до 90 години кои имале секс еднаш или повеќе пати неделно имале подобра когнитивна функција пет години подоцна во споредба со оние кои немале секс.
Посебно е интересно колку добриот секс сега има долгорочно влијание врз когнитивното здравје.
Оние на возраст од 62 до 74 години кои имале подобар секс со повеќе физичко и емоционално задоволство, исто така, имале подобра когнитивна функција пет години подоцна во животот, додава Шен.
Сепак, Шен додава дека студијата не е совршена. Имено, во истражувањето не биле вклучени други варијабли како раса, ниво на приход, дали некое лице живее во сопствен дом или во пензионерски дом.
Сепак, додава тој, наодите се интригантни и треба да ги поттикнат постарите луѓе да размислуваат за нивните интимни односи, но и помладите да размислуваат што и како сакаат да прават во својата старост.