Понекогаш се е прашање на перспектива – дали чашата е полуполна или празна.
Така, оваа слика со мачката открива дали гледате можност или проблем во сè околу вас.
Сликата покажува мачка на скали, на прва не сте баш сигурни дали се качува по скалите или слегува по скалите.
Значи, тоа е еден вид оптичка илузија која може да открие повеќе за вашата личност. Нејзините креатори наведуваат дека треба да одговорите дали мачката слегува или се качува по скалите.
Ако видите мачка како се качува по скалите насекаде околу вас, гледате потенцијал и можност за раст и напредок, вие сте оптимист со позитивни животни ставови.
Магазинот „Мајндс“ наведува и дека самиот мозок е всушност трениран да бара како да се издигне што е можно повеќе и да биде позитивен.
Од друга страна, ако видите мачка како слегува по скалите, веројатно сте песимистичка и скептична личност.