Мајките секогаш можат да почувствуваат кога нивното дете е болно

351

Кога мајката се сомнева дека нејзиното дете е болно, таа обично е во право, покажаа резултатите од студијата на Универзитетот во Тексас – па затоа лекарите им кажуваат на мајките да им веруваат на своите инстинкти.

Причината за тоа е големата поврзаност помеѓу родителите и децата. Родителите лесно можат да ја препознаат промената во однесувањето кај своите деца – објасни Метју Томпсон, раководителот на студијата.

Воспалението на респираторниот тракт е една од најчестите болести за кои родителите бараат лекарски совет, па дури и првите знаци на болеста може лесно да се забележат со набvingудување на детето. Треба да се обрне внимание на болка во увото или грлото, брзо или тешко дишење, кашлица, грчеви или осип.

Ако детето е бледо или кожата има сивкав тон, најдобро е да посетите лекар, а помага и мерењето на пулсот на зглобот. Просечниот број на удари во минута во предучилишна возраст е од 80 до 100 отчукувања. Забрзувањето на овој ритам може да укаже на променета здравствена состојба.

Не паничете за температурата

Малку покачена температура не треба да се отстранува, бидејќи тоа е само знак дека телото се бори против инфекцијата. Најчести причини за треска се вирусна или бактериска инфекција и раст на забите. Малите деца често ставаат играчки во устата и со тоа внесуваат бактерии.

Меѓутоа, ако дете на возраст под три месеци има температура над 38 степени, треба да се однесе на лекар. Постојано плачење, силно будење, болки во стомакот се исто така алармантни знаци.