Љубоморен маж побарал од сопругата да му нацрта што сè и се „мота“ низ главата

1750

Жена преку хаотичен цртеж му ги претстави своите мисли на сопругот и стана хит на Reddit и Imgur. Цртежот беше објавен од корисникот bpwwhirl, а во описот стои „Побарав од мојата сопруга да ми нацрта слика со сè што се врти во нејзината глава.

Ова е нејзиниот одговор“.

„Куќата е валкана“, „Сметки, желби, потреби“, „Имам студентски долг“, „Каде е она нешто што не можам да го пронајдам од пред 2 години?“, „Деца – здравје, облека, ручек, храна, играчки/ соби/ хаос, однесување, хигиена“, „Сакам милкшејк“, „Стивен – ме усреќува, го усреќувам, ми е најдобар пријател, треба да го направиме тоа сега…“

Ова е само дел од напишаното на цртежот кој има речиси 2 милиони прегледувања на Imgur.

Цртежот предизвика море од коментари, а еден од корисниците побрза и да му даде совет да го искористи цртежот како средство за да ја усреќи својата сакана. „Гледај на ова како на прозорец кон нејзиниот ум и искористи го за да ја усреќиш“ – стои во коментарите.