5 витамини за антистареечка нега на кожата

137

Додека купуваме скапа козметика и се подложуваме на какви ли не процедури за разубавување, не смееме да заборавиме и за витамините кои се пријатели на нашата кожа.

Оние како витамините Ц, Е и К, кои го забавуваат процесот на стареење. Иако тие се содржани во голем дел од секојдневната природна козметика, важно е и да ги прифаќаме преку одредени видови храна.

Видете која.

Витамин А

Ова е еден од најважните витамини за кожата. Благодарение на него се намалува ризикот од појавата на темни дамки, се создава заштита од ултравиолетовите зраци, се забавува стареењето на кожата и се регулира лачењето на себум. Може да си го набавите преку потрошувачката на моркови, тиква, црн дроб, кајсии, брокула, манго, домати.

Витамин Б2

Витаминот Б2 помага за ревитализација на безживотната и уморна кожа. Исто така ја одржува добро хидрирана, важен е за цврстината и функциите на кожните клетки. Витаминот се содржи во поголеми количини во храната како млеко, јајца, брокула, соја и други.

Витамин Б3

Друг важен витамин, кој се грижи за здравјето и убавината на кожата е витамин Б3. Тој значително го намалува ризикот од развој на рак на кожата, го намалува ризикот од појава на розацеа. Ако страдате од акни или кожата ви е масна, тоа е витамин за вашата кожа, бидејќи се намалува до 50% излачувањето на вишокот на себум и појава на акни, а исто така е важен и за добрата хидратација.

Витамин Б5

Тој се содржи во храна како пилешко и телешко месо, јајца, туна, компири, домати и друго. За длабоко хидрирана кожа ви треба витамин Б5. Тој ја намалува маснотијата на кожата и ги затнува порите, помага на кожата да има свеж и младешки изглед, помага за побрзо зараснување на раните. Се содржи во рибата, боранијата, печурките, сирењето, јајцата и црвеното месо.

Витаминот F

Секоја дама сака да има млада и сјајна кожа. Ако додадете во менито повеќе храна богата со витамин F, тој ќе ви помогне да го контролирате и формирањето на акни, а ќе го намали ризикот од формирање на пигментни дамки.

Со помош на овој малку познат витамин кој е мастнорастворлив и се состои од линолова, линоленска и арахидонска киселина, кожата нема да губи хидратација, а циркулацијата ќе се подобри, што е исклучително важно за еластичноста на кожата. Поткаснувајте повеќе авокадо, маслиново масло, лосос и ореви.