Јапонците го откриле 113-тиот хемиски елемент

138

Јапонскиот Националниот институт за природни науки “Рикен” беше официјално прогласен за пронаоѓач на 113-тиот елемент од Менделеевата табела, соопштија американските медиуми.

Така јапонските научници ќе добијат право да дадат име на новиот еле.мент. Се претпоставува дека тој ќе биде наречен Јапониум.

За авторство исто така конкурираа специјалисти од Русија и САД, но обединетата комисија на Меѓународната унија за теоретска хемија и физика заклучија дека кредибилитетот на синтезата на новиот елемент на јапонските научници е повисока.

Тој беше изведен од група физичари, предводени од професор Коске Морита во акцелераторот во градот Вако северно од Токио за време на експерименти спроведени во 2004, 2005 и 2012 година.