Има луѓе кои не се ниту хетеросексуални ниту хомосексуалци, ниту би. Сексолозите сметаат дека ова е нов вид концепт – пансексуални – ориентацијата на новиот пол на 21-тиот век. За феноменот веќе пишуваа изданија како The Daily Telegraph, The New York Times.
Според податоците на Google Trends пребарувањата на темата “pansexuality” се множат сè повеќе. Такви има дури и во Холивуд. Идејата на овој нов вид сексуалност не е само дека на човек му допаѓа сè што се придвижува.
Тоа се луѓе кои можат да бидат привлечени од жени, мажи, трансродовите, интерсексуални (луѓе кои не сакаат да се дефинираат кон ниту еден од половите). Кај нив полот за избор на партнер не игра улога. Бисексуалците се привлечени од мажи и жени, а пансексуалните – се слепи за полот, во однос и на партнерот, и на самиот себе.
Идејата е дека овие луѓе се заинтересирани исклучиво само за личните квалитети на човекот до себе, и сакаат да исповедаат заеднички идеи и вредности. Терминот се јавува во средината на 90-тите години, но не ужива популарност.
Пансексуалноста како феномен се буди во 2010 година. Според психијатарот Ник Голдстајн, причината се современите млади луѓе кои повеќе се замислуваат за својата сексуалност и се повнимателни од претходните генерации. Еве ги и ѕвездите кои се изјавија како такви.
Шејлин Вудли – 23-годишната ѕвезда е светол пример за пансексуалност. Фановите тоа го разбраа кога во 2014 година актерката изјави дека се “вљубува во луѓето заради тоа какви личности се, а не во зависност од полот”.
Многу погрешни заклучоци се направија тогаш, од кои еден беше дека девојчето е бисексуално. Тогаш актерката ја разјасни повеќе својата позиција.
22-годишниот Џош Хатчерсон од “Игрите на гладот” исто така, призна во интервју за Out Magazine: “Во моментов сум 100 проценти хетеросексуален, но кој знае? Може по година ќе сретна младич, кој исто така многу ми се допаѓа“.
Рап пејачката Ангел Хејс беше во врска со моделот Ајлин Болдвин (ќерка на актерите Алек Болдвин и Ким Бесинџер) и исто искажа слично мислење: “Љубовта нема граници. Ако некој може да ме натера да бидам со него, значи можам. Тоа е сигурно, дури и тој да е хермафродит.”
А, не е ли тоа добар начин на ѕвездите едноставно да ја скријат половата ориентација, прашува руската новинарка Јулија Верби. Познато е дека за претставниците на хомосексуалната ориентација е комплицирано да ги споделат нивните лични преференци.Причината е дека можат да бидат укорени или да не им понудат главна улога во романтична мелодрама, на пример. Може ли да бидеш геј, а да станеш главен лик и предмет на женската желба во “50 нијанси сива”?
Токму од оваа причина хомосексуалецот Мет Бомер не доби главна улога.Отвореното изјаснување на Руперт Еверет дека е геј, исто ја смени неговата кариера. Актерот ги посоветувал младите колеги да не ги издаваат интимните преференции.
Но всушност, според истражувањето објавено неодамна во The New York Times младите луѓе сè почесто ја чувствуваат како блиска новата сексуална ориентација.