Најголемите ерогени зони на женското тело

765

Ако се уште не знаета кои се, крајно време е да научите, а патем не е лошо да примените правилна метода на стимулација.

Ерогените зони на женското тело се постојан извор на инспирација за секој маж кој сака да ја истражува својата партнерка, а канадските научници успеале да убедат некој да им финансира научна студија со која би сакале да дознаат кои делови од женското тело се толку чувствителни.

На кратко, целта беше да се создаде еден вид на прирачник за женското тело – кои места треба нежно да се галат, а кои подобро реагираат на притисокот.

Тестирани делови се, на пример, брадавиците, страните на градите, перинеумот … и други убави места, а стимулацијата од овие делови ја споредувале со деловите од вратот, стомакот, подлактицата и останатите делови кои не припаѓаат на ерогените зони.

Беа испитани надразби од благ стимул преку притисок и вибрации, а еве до што дошле:

  • Лесниот допир повеќе го возбудува вратот, лактите и влезот на вагината, а најмалку чувствителни се ауролите
  • На силен притисок најчувствителни се брадавиците и клиторисот, а најмалку стомакот и страните на градите
  • Клиторисот и брадавиците најчувствителни се и на вибрации, со тоа што клиторисот најдобро реагирал од целото тело

Затоа, кога ги допирате гениталиите, во игра внесете лесен притисок и вибрации, а по останатиот дел на телото, со исклучок на брадавиците, лесните допири се она што е потребно.

Ова се најчувствителните делови на женското тело:

10. Внатрешната страна на бутките
09. Зад колената
08. Задникот
07. Задниот дел од вратот
06. Ушите
05. Стопалата
04. Зглобовите на рацете
03. Градите (брадавиците)
02. Вагината (клиторисот)
01. Усните