Најлоши љубовници

187

Кои се најлошите љубовници? Одговорот на ова прашање најдобро го знаат жените, а одговорите на анкетираните десет илјади жени кои многу патуваат и кои на овие патувања се запознаваат малку повеќе со локалните мажи, покажуваат дека Германците се најлоши љубовници во светот и дека нивната примарна сексуална карактеристика е себичност во кревет, додека на второто место се Швеѓаните затоа што се премногу брзи.

На трето место со описна придавка- премногу груби се најдоа Холанѓаните, а зад нив следат Американците со титулата предоминантни. Петти се Велшаните, кои се премногу меки, а шести, премногу бучни, Шкотите.
За Англичаните се вели дека се дебели, за Турците дека се испотени, за Грците дека се смрдливи, а за Русите дека се влакнести.

Жените од 50 земји беа анкетирани на социјалната мрежа wayn.com.

Кој би помислил дека Велшаните се подобри љубовници од Швеѓаните? Но, да се потсетиме дека за танго се потребни двајца!

Италијанците се прогласени за најдобрите љубовници и тоа по изјавите дадени од Французинките, Иркињите, Јужноафриканките, Австралијанките, Шпањолките, Даннкињите.