Од денес во Британија производите за менструална хигиена се без данок

124

Велика Британија стана уште една држава што го укина данокот за женски хигиенски производи.

Риши Сунак од Министерството за финансии вети дека ќе го укине непопуларниот данок на тампони и хигиенски влошки кога буџетот беше одобрен во март, но одлуката стапи на сила дури денеска, откако Велика Британија конечно ја напушти ЕУ.

– Хигиенските производи за жени се неопходни и не треба да се одданочуваат, рече Сунак.

Тој додаде дека бесплатната дистрибуција на овие производи почна во училиштата, колеџите и болниците, а тој потег има за цел да ги направи подостапни за сите жени.