ШТО ТРЕБА ДА ИМАТЕ СО ВАС ВО СЛУЧАЈ НА ЗЕМЈОТРЕС | Совети за безбедност кои треба да ги знаеме

1949

Најдобро е да имате ранец или торба, во кои ќе ги чувате вашите основни потреби, и да биде близу до вас или пред влезната врата за да можете само да ја зграпчите и да излезете од куќата што е можно побрзо во случај на рушење. Семјотресите се се почести, па затоа, за жал, овој водич треба да се почитува т.е применува.

Сеизмолозите не можат да ги предвидат земјотресите затоа што природата е непредвидлива и никогаш не можат со стопроцентна сигурност да знаат што ни претстои, но затоа нам ни останува да се подготвиме до одреден степен.

Еве што треба да знаеме: Суштински информации за самозаштита во случај на земјотрес

Во случај на разорни земјотреси, најважно е да се спаси жива глава, но досегашното искуство нè научи дека секогаш мора да имаме ранец или торба со најосновните работи, ако треба да бегаме од својот дом.

Ова е добро да го имате со вас во случај на земјотрес!

  • Батерија – за да можете да се снајдете во темница.
  • Лекови – за болка, за притисок, дијабетес, астма …
  • Мобилен телефон и полнач – секогаш држете ги блиску до вас.
  • Сет за хигиена – во несесерот ставете го само она неопходното: сапун, четка за заби и паста, крем за лице, фластери, влажни марамчиња и средства за дезинфекција на рацете.
  • Малку храна – земете храна што не се расипува брзо како леб, пецива, крекери и слично.
  • Вода – без храна можете некое време, но без вода не!
  • Облека и ќебе – спакувајте неколку парчиња долна облека, пешкир, чорапи, топли маички и тренерки/панталони и ќебе.
  • Документи – лична карта/пасош, возачка дозвола и било која важна документација што треба да ја имате со вас.
  • Комплет за прва помош – веќе треба да го имате во автомобилот, а доколку го немате, задолжително спакувајте го!
  • Кредитни картички и кеш – проверете дали сте ги земале сите кредитни картички и кешот.

Да не заборавите ниту на ова

Ако имате мали деца и / или домашни миленици, не заборавајте да земете храна и се она што е потребно за нив. И, она што е важно да се забележи, не оставајте ги вашите животни, носете ги со вас доколку е можно!

Ако е можно, проверете дали вашиот автомобил е безбеден. Дали се подалеку од зградата, градилиштето, крановите или високите дрвја.