Работите под притисок? Ако е за утеха, не сте сами

933

Работата под притисок за некого е дел од описот на работното место, но има и такви кои тоа го чувствуваат како стрес и може да им направи некој поголем проблем.

Во текот на 2019 година, еден од 10 вработени (11%) во Европската унија постојано работеле под притисок, покажуваат податоците на Eurostat.

Една четвртина или 25% рекле дека често им се случува да работат под притисок. Од друга страна, 42% од вработените рекле дека понекогаш работат во напната атмосфера и притиснати од рокови, додека 22% се изјасниле дека никогаш не работеле под притисок.

Анализирано по земји, Малта има најмногу вработени кои постојано работат под притисок (21% во 2019 година).

На прашањето колку често работите под притисок, Чесите често пати се наоѓале во таква ситуација (39%). Во Литванија 56% од вработените понекогаш работат под притисок.

Анализата покажува дека во Шпанија дури 39% од испитаниците никогаш не биле под притисок на своето работно место, што ја прави земјата своевиден лидер.