Марија Стојанова | “За сите тапоглави што плукаат по народот и го нарекуваат прост …”

1019

За сите тапоглави што плукаат по народот и го нарекуваат прост затоа што немал доверба во “мерките” и … посебно за моите драги тапоглавКи од тој ков, пошто повеќе ве има гуски него волови.

И за сите оние добри луѓе, искрено заинтересирани за тоа, што значи да бидеш на РЕСПИРАТОР

„За почеток, тоа не е маска со кислород која се става преку устата додека пациентот раскомотено си лежи и си читка новини. Вентилацијата за ковид-19 е многу БОЛНА интубација. Таа оди низ грлото и останува сé до оној момент во кој што или ќе преживеете или ќе умрете.

Се спроведува под анестезија и потоа во свесна состојба се останува на респиратор минимум 2 до 3 недели. Телото не смее да мрдне (затоа во некои болници пациентите ги ВРЗУВААТ за кревет. м.з.). Понекогаш се легнати наопаку. Цевката се вметнува во уста сé до трахеата и потоа ти веќе не дишиш, туку надвор од твојата контрола респираторот ги полни твоите бели дробови со кислород и потоа ги празни, во негов подесен ритам. Пациентот е свесен, меѓутоа не може да разговара, не може да јаде нити да прави било што друго природно. Апаратот е тој што го одржува човекот во живот, т.е комплетната функција на дишење е превземена од апаратот.

Заради големата нелагодност и големите БОЛКИ кои што пациентот ги чувствува заради сето ова, болничкиот персонал му дава седативи и лекови против болки за да може пациентот да ја истрпи толерантноста на цевката колку што е потребно. Ова е исто како да сте во вештачка кома, само што не сте во кома, туку сте сето време будни.

После 20 дена вакво “лечење“, млад човек може да изгуби и до 40% мускулна маса, да добие траума на устата и гласните жици. Возможни се компликации на срцето и белите дробови.

Од оваа причина умираат стари и други слаби со здравје луѓе, затоа што не можат да го истрпат овој брутален начин на “лечење“ и умираат.“

Голем број луѓе и деца умираат од срцев удар веднаш откако ќе се разбудат од анестезија, од паника дека одеднаш не можат да дишат, а имаат цевка во грло. Во агонијата, да се борат за живот и воздух, опкружени со довикувањата на болничкиот персонал да ПРЕСТАНЕ ДА ДИШИ за да препушти, машина да диши место нив, пулсот им се покачува максимално и умираат од срцев удар заради голема возбуденост или народски кажано, им пука срцето.

9 од 10 луѓе ставени на респиратор умираат. Бројката е всушност поголема, т.е изнесува 9.8, значи речиси 100% од луѓето умираат, меѓутоа статистиката за ова подрачје избрала во цели бројки да се смета, затоа нема да речеме дека 98% луѓе умираат – што би било попрецизно, туку дека умираат 9 од 10 луѓе на респиратор.

Медицински “експерти“ и целокупен персонал! Како се чувствувате со ова, добри сте? Си знаете веќе сите вие, нели? Тоа ви е лебот насушен? 9 од 10 луѓе? Баш лукинг форвард, да ве гледам како ќе се правдате во догледно време, зошто сте го дозволиле сево ова. Можда ќе употребувате модус Nürnberg т.е „јас само слушав закони и наредби“, „плата, живот, морав“ и слични необразложени оправданија, арно ама и тие пола сами се обесија, а пола беа стрелани. Џаст сејинг, драги мои, џаст сејинг.

За крај, мало нaдополнување: За СЕКОЈ пациент ставен на респиратор, СЕКОЈА болница добива илјадници евра „помош“ од буџетот. За секој пациент.

До одговорните во власта, во здравството и до НАЈодговорниот: Овие ѕверски убиства сте ги спакувале во една спасителска реторика, во една приказна а ла Доктор Хаус, злоупотребувајќи го стравот на луѓето, злоупотребувајќи ја нивната доверба што ја имаат во вас. Ако ова ПОДЛО намамување на жртвите да ви веруваат за да можете да ги убивате ЗА ПАРИ, ако ова не претставува ѕверско убивање на произволен број луѓе, тогаш не знам што е.

А вие, медицинарчиња, кои што со најдобри намери ги следите упатствата на вашите претпоставени, информирајте се со време, да не биде после “аман не сме знаеле”. Затоа што нема да има “не сме знаеле“, ваша ДОЛЖНОСТ е да знаете што правите.

Марија Стојанова