Заврши првото полуфинале на Евровизија! Видео

305

За прв пат во историјата на музичкиот натпревар, Евровизија беше откажана поради пандемија.

Како и да е, настапите што требаше да ги слушнеме од главната фаза на натпреварот за песна на Евровизија во Ротердам, ги слушнавме во вечерва и повторно ќе ги слушнеме во четврток, 14 мај!

Музичкиот натпревар се пресели од прекрасната сцена во домовите на претставниците на нивните земји, кои ги изведоа своите песни на Јутјуб каналот, односно испратија пораки до гледачите, ги покажаа своите „карантински денови“, но и убави делови од земјата од каде доаѓаат, по што се емитуваа видеа и снимки од националните натпревари.

Во првата полуфинална вечер ги преслушавме победничките композиции на нашиот Васил Гарванлиев со песната „You“ на авторката Невенка Нешкоска, како и на Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Израел, Малта, Норвешка и Украина.