Оние со повеќе партнери со кои практикуваат орален секс имаат до девет пати поголеми шанси да развијат рак на грлото.
САД и Велика Британија боледуваат од „епидемија“ на рак на грлото – а експертите посочуваат дека виновникот е оралниот секс.
Д-р. Hisham Mehanna, од UK University of Birmingham, истакнува дека 70 отсто од случаите на рак на грлото се предизвикани од хуманиот papillomavirus (HPV), сексуално пренослив вирус кој е поврзан со неколку форми на рак.
Д-р. Mehanna рече дека луѓето со повеќе партнери во орален секс имаат до девет пати поголем ризик од рак на грлото.
„Во текот на последните две децении, има нагло зголемување на ракот на грлото на Запад, до тој степен што некои го нарекле епидемија. Ова се должи на големото зголемување на специфичен тип на рак на грлото наречен oropharyngeal рак“, напиша др. Mehanna во списанието The Conversation.
Ракот oropharyngeal е најчестиот вид на рак на грлото, а се појавува на крајниците и задниот дел од грлото.
Лекарите сметаат дека HPV инфекцијата е најголем ризик фактор за развој на болеста.
HPV се пренесува сексуално. За рак oropharyngeal главен ризик фактор е бројот на сексуални партнери. Оние со шест или повеќе животни партнери со кои практикуваат орален секс имаат 8,5 пати поголема веројатност да развијат oropharyngeal рак од оние кои не практикуваат орален секс“, забележува Др. Mehanna.
На повеќе од 50.000 случаи на карцином на усната шуплина и oropharyngeal се дијагностицираат секоја година во САД, предизвикувајќи повеќе од 10.000 смртни случаи годишно.
Сепак, бројот на случаи се зголемува, до 1,3 отсто годишно кај жените и 2,8 отсто кај мажите, според Американското здружение за рак.
Лекарите откриле дека оралниот секс е најголемиот фактор на ризик – пред пушењето, консумирањето алкохол и нездравата исхрана.
Тоа е затоа што изложеноста може да доведе до инфекција со HPV во задниот дел на грлото или во близина на крајниците. Во повеќето случаи, овие инфекции исчезнуваат сами од себе, но понекогаш можат да продолжат и да предизвикаат рак.
Научниците од NYU Langone проценуваат дека дури 70 отсто од случаите на рак на грлото се предизвикани од HPV инфекции.
Во Велика Британија, ракот на главата и вратот заедно се одговорни за повеќе од 12.000 случаи и 4.000 смртни случаи секоја година.
Постои вакцина за HPV. Ефикасна е повеќе од 80 проценти и е достапна во поголемиот дел од развиениот свет.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.