Пелинот помага во борбата против коронавирусот?

339

Екстракт од сладок пелин, измешан со кафе, активно делува против коронавирусот, велат германските научници. Тие предупредуваат дека треба да се причекаат клиничките испитувања, исто како и за една билна мешавина од Мадагаскар.

Едногодишниот или слаткиот пелин, познат и како Artemisia annua, е одамна докажан. Повеќе од дваесет години, во борбата против маларијата, лекарите успешно ја користат лековитата состојка на тоа растение – артемисинин. Група научници од Институтот Макс Планк во Потсдам сега испитуваа во колкава мерка ова растение може да помогне во лекувањето на ковид-19.

„За време на истражувањето, извлековме чисти материи од растението, а потоа ги поврзавме со вирусот“, објаснува Питер Зебергер од Институтот Макс Планк, кој заедно со хемичарот Кери Гилмор ги иницираа и ги водеа истражувањата.

За потребите на овој проект, во САД се одгледува див пелин од дрво. Во истражувачкиот проект учествуваа и вирусолози од Слободниот универзитет во Берлин.

Резултатите ги изненадија научниците: екстрактите од слаткиот пелин се активни против САРС-КоВ-2. Лисјата на растението Artemisia annua, одгледувани во Кентаки, САД, ја покажаа најдобрата антивирусна активност кај екстракцијата со чист етанол или дестилирана вода.

Антивирусната активност на екстрактот од етанол се зголеми уште повеќе со додавање на кафе, откриле научниците. Само артемисинин, сепак, не беше многу ефикасен против вирусот.

„Бев изненаден што екстрактите од артемисинин работеа многу подобро од чистите деривати и дека додавањето кафе ја зголеми активноста“, вели Клаус Остеридер, професор по вирологија на Слободниот универзитет во Берлин. Во истражувачката група, тој беше задолжен за тестирање на овие активности.

Лековит пијалак од билка од Мадагаскар?

Продолжува на страна 2