Пелинот помага во борбата против коронавирусот?

1804

Лековит пијалак од билка од Мадагаскар?

На крајот на април, Мадагаскар се пофали со наводниот магичен лек против ковид-19. Хербалната мешавина наречена Covid Organics е во оптек не само во Мадагаскар. Нарачана е и од други африкански земји, како што се Танзанија, Того, Чад, Нигерија и Гвинеја-Бисао. Сè уште нема научни докази дека овој лек навистина делува.

Зебергер и германскиот истражувачки тим би сакале да имаат повеќе информации за хербалниот пијалок од Мадагаскар. „Во последните неколку недели, честопати беше побарано да кажеме нешто за Covid Organics. Се обидовме интензивно да дојдеме до него“, објаснува Зебергер.

„Но, за жал, не добивме ниту еден примерок, штета. Ако навистина делува, секако би било добро да можеме да го тестираме. Колку што знаеме, засега нема научни студии“.

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на опасностите од конзумирање на „Covid Organics“ поради недостаток на научни докази за тоа дали делува.

Билка позната одамна

Продолжува на страна 3