Причина поради која сингл луѓето се посреќни од оние во врска

162

Се уште доминира предрасудата дека луѓето кои не се во врска се депресивни и сакаат што побрзо да го променат својот сингл статус. Но, истражувањата покажуваат дека и не е баш така.

Едно истражување на Универзитетот во Вашингтон покажало дека луѓето кои излегле од долга врска или брак, најчесто слабеат – поради психичкиот стрес, но и поради кршење на рутината на која се навикнати.

Всушност, луѓето кои не се во врска губат 1,5 килограми полесно од оние кои се во долга врска или брак. Исто така, соло луѓето повеќе внимаваат на својот изглед и кондиција – покажува 20-годишното истражување.

А, сето ова еднакво се однесува и на мажите и на жените.

Самците се поактивни кога станува збор за барање партнер, а со тоа се посвесни за својот изглед и својата тежина, а оние во сериозни врски се опуштаат.

Паровите имаат свои ритуали во врска со оброците и движењата, а сингл луѓето се послободни – што значи повеќе се движат.