Како правилно да се зачува овошјето

1560

Често ви се случува, само затоа што погрешно сте го чувале, овошјето да ви скапе, па еве неколку практични совети.

Секому од нас му скапала бананата, јаболкото, грозјето и слично овошје, бидејќи не стасавме да ги изедеме, а до тогаш сме го чувале на погрешен начин. Еве некои добри совети на оваа тема.

Бананите се доста чувствителни и релативно брзо дозреваат кога ќе дојдат на ред за јадење. Трикот е да се разделат, бидејќи споени созреат значително побрзо. Бананите се чуваат на собна температура во кошница со овошје, која треба да има дупки да може воздухот слободно да циркулира околу овошјето.

Портокалот исто така, најдобро е да се чува на собна температура, во кошница со банани, која има дупки за воздух.

Од друга страна, јаболкото, побрзо ќе созрее ако се чува како пртокалот или бананите, па ако купат повеќе и не мислите да ги јадете во текот на следните два до три дена, ставете ги во картонска кутија, а потоа во фрижидер, каде што тие ќе останат свежи и повеќе од две недели.

Грозјето се чува во фрижидер, но грешка што речиси сите ја правиме е што го миеме пред складирање. Иако ние ќе ја отстраниме нечистотијата, водата имаат негативно влијание врз лушпата и прави одлична почва за мувла. Затоа, не бидете мрзливи, држете го грозјето во сад во фрижидер, а измијте го пред јадење.

Лимонот може да се чуваат на собна температура за две недели во кошница за овошје. Но ако не мислам сите да ги употребите, вишокот ставете го сад за овошје во фрижидер каде што ќе остане свеж неколку недели.

Кивито е уште едно овошје кое чудно созрева, по нашите стандарди, па затоа треба да се чуваат на собна температура додека се уште се незрели и тврди, а штом омекнат се ставаат во фрижидер. Но нема да издржат  повеќе од две недели, па бидете внимателни.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.