Мајчинството – Дар, не Казна

2419

Во минатото, сонот на жената беше едноставен: да создаде дом и семејство.

Денес, таа често мора да објаснува поради тоа, па понекогаш дури и да се чувствува засрамено.
Како нешто толку природно и убаво стана „лош избор“?
Сè почесто медиумите го деградираат мајчинството, прикажувајќи го како товар:
  • дека одзема слобода, амбиција, развој, среќа.

  • дека жените кои остануваат дома со своите деца се „помалку амбициозни“, „заостанати“, „заробени во кујната“.

А вистината е сосема поинаква.
???? Жените се кралици на домот.
???? Ние го држиме срцето на семејството во наши раце.
???? Секој ден, без аплауз, градиме темели за идниот свет – одгледувајќи луѓе способни да сакаат, веруваат и преземаат одговорност.
И, за жал, понекогаш сме сурови една кон друга.
Недавно прочитав порака од „културна“ жена, упатена кон невработена мајка: дека е „невработена и издржувана од нејзиниот сопруг“.
Боли затоа што покажува колку сме дозволиле да се дефинираме според наративот дека само парите и кариерата ја мерат вредноста на жената.
Затоа се прашуваме зошто општеството се движи кон ќорсокак:
  • се помалку жени сакаат да имаат деца,

  • има се помалку раѓања,

  • расте стравот.

Мајчинството не е товар. Тоа не е казна. Тоа не е неуспех.
Тоа е дар. Дар на себеси, што учи на безусловна љубов – онаа што не ја брои цената.
Жената носи способност да дава живот:
со зборови, со нежност, со грижа, со создавање простор во кој другите можат да растат.
И токму затоа женственоста не мора да се оправдува.
Не мора да ја докажува својата вредност со титули, кариера или успеси.
Понекогаш најголемата сила е да се каже:
„Останувам дома затоа што сум најпотребна тука.“
Не секој од нас оди по истиот пат.
Децата не го одземаат животот – тие го продлабочуваат.
Да им дозволиме на другите жени да го живеат својот повик, без осудување или критика.
Никој да не ви каже дека тоа не е доволно.
На светот му се потребни жени кои сакаат.

Мајки кои веруваат дека љубовта навистина менува сè.