Овој симптом обично се јавува во подоцнежните фази на болеста, па затоа мора веднаш да се започне со третман.
Доколку имате ненадејна или зголемена потреба за мокрење во текот на ноќта, тоа може да биде симптом на агресивен рак, предупредуваат медицинските експерти.
Ноќното мокрење (ноктурија) е состојба која предизвикува да се будите во текот на ноќта за да го испразните мочниот меур. Тежок облик на ноктурија бил откриен кај 25% од пациентите со рак на простата кои биле третирани со зрачење.

Најчесто се јавува во подоцнежните фази на болеста
Покрај тоа, тоа може да биде резултат на тумор кој расте и притиска на уретрата, пренесува Mirror. Најчесто се јавува во подоцнежните фази на болеста, што значи дека треба веднаш да се започне со лекување.
„Ракот на простата обично не предизвикува никакви симптоми додека ракот не порасне доволно за да ја притисне цевката што ја носи урината од мочниот меур до пенисот. Симптомите на рак на простата може да вклучуваат потреба за почесто мокрење, особено ноќе“, велат од британската Национална здравствена служба.
Тешко е да се препознае
Раниот рак на простата тешко да се препознава поради недостаток на очигледни симптоми.
Ако имате над 50 години или ако вашиот татко или брат имале рак на простата, разговарајте со вашиот општ лекар.



















