Масивна вулканска ерупција околу 2900 година п.н.е. можеби го втурнала светот во темнина, поттикнувајќи ја неолитската Данска заедница да жртвува симболични „сончеви камења“, сугерира новото истражување.
Околу 2900 година п.н.е., голема вулканска ерупција веројатно ја втурнала северната хемисфера во темнина, предизвикувајќи ниски температури, откажување на посевите и глад.
Во Данска, неолитската заедница на островот Bornholm можеби одговорила на кризата со симболичен и необичен чин на жртвување – погребување на стотици гравирани „сончеви камења“.
Помеѓу 2013 и 2018 година, археолозите од Vasagård West откриле 614 рамни камења од шкрилци со сончеви мотиви и цртежи кои потсетуваат на полиња и земјоделски култури.
Артефактите, закопани во настан пред околу 4.900 години, укажуваат на извонреден одговор на населението од тоа време на еколошка катастрофа.
“Ги имавме сите овие слики од сончеви мотиви од точно исто време и можевме да ги поврземе со одреден настан. Ова, се разбира, не натера да шпекулираме дали е предизвикано од некоја природна катастрофа“, рече др. Rune Iversen од University of Copenhagen.

Мистериозна е локацијата на вулканот
Во соработка со климатските научници од Nils Bohr Institute, тимот на Iversen ги анализирал ледените јадра од Гренланд и Антарктикот. Овие јадра откриле сулфатни наслаги од колосална вулканска ерупција околу 2900 година п.н.е. Не знаеме каде се наоѓа вулканот, иако може да биде некаде околу екваторот, бидејќи може да се следи и на Гренланд и на Антарктикот, објасни Iversen.
Дополнителни докази има од седиментните слоеви во едно ерманско езеро, што укажува на намалена сончева светлина во тоа време.
Анализата на прстените на дрвјата од Германија и САДпокажала слаб раст и оштетување од мраз во текот на пролетта и летото, што ја поддржува теоријата за широко распространето климатско нарушување, објаснува студијата, објавена во списанието Antiquity.
Научниците сугерираат дека уникатните сончеви камења се всушност жртвени понуди наменети да ја вратат сончевата светлина и да обезбедат опстанок. Гледаме докази за здружување на заедницата во заеднички напор за спроведување на промените, заклучуваат авторите на студијата.