Дали знаете која храна ќе ви даде добар вид?

1170

И покрај народните верувања, конзумирањето големи количини моркови нема да ви овозможи да гледате во темнина…

Всушност, малку е веројатно дека морковот ќе го подобри видот, но ќе помогне во борбата против слабеењето на видот што се јавува со возраста. Оваа храна се смета за „храна за очи“, бидејќи е богата со витамин А, хранлива состојка неопходна за здравјето на очите. Сепак, витаминот А не е единствената хранлива состојка потребна за здрави очи.

За да остане вашиот вид остар, потребни ви се дури 6 хранливи намирници кои ќе го подобрат и заштитат. Откријте за кои намирници станува збор.

Лутеин и зеаксантин

Лутеинот и зеаксантинот припаѓаат на група каротеноиди кои се наоѓаат во вашите очи и имаат антиоксидантни својства. Бидејќи оксидативниот стрес е поврзан со оштетување на оптичкиот нерв (што доведува до разни проблеми), антиоксидансите можат да спречат понатамошно оштетување на вашите очи. Овие хранливи материи можете да ги најдете во храната како брокула, прокељ, пченка, јајца, кељ, нектарини и папаја.

Омега-3 масни киселини

Веројатно веќе знаете дека овие добри масти се потребни за вашето срце, но тие се исто така клучни за вашите очи. Омега-3 масните киселини имаат природни антиинфламаторни својства, а ниското ниво на овие здрави масти е поврзано со разни заболувања на очите. Храната како ленено семе, масло од ленено семе, лист (риба), лосос, сардина, туна и ореви се одлични извори на омега-3 масни киселини.

Витамин А

Токму овој витамин е причината зошто морковот ужива толку добра репутација, барем кога станува збор за подобрување на видот. Исто како лутеинот и зеаксантинот, витаминот А дејствува како антиоксиданс кој се бори со оксидативниот стрес. Можете да го најдете во храна како кајсии, дињи, моркови, манго, сурови црвени пиперки, сирење ricotta, спанаќ и сладок компир.

Витамин Ц

Истражувањата сугерираат дека дневната доза на витамин Ц може да го намали ризикот од развој на катаракта во окото, но тоа не е крај на приказната. Секоја клетка во вашето тело зависи од витаминот Ц бидејќи е многу моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од разни оштетувања. Грејпфрут, киви, портокали и јагоди се само некои од намирниците богати со витамин Ц.

Витамин Е

На витаминот Е често не му се посветува многу внимание, но исто така е многу моќен антиоксиданс. Истражувањата покажуваат дека витаминот Е може да ве заштити од разни заболувања на очите, бидејќи се бори со штетните слободни радикали. За да ја задоволите потребата за овој важен витамин, задолжително внесете повеќе наут, остриги, црвено месо и јогурт во вашата исхрана.