Што се случува во женското тело кога нагло ќе престане да има с*кс ? Еве како реагираат вашите гениталии на „сушата“, имаме лоши вести

914
Д-р Ginni Mansberg, објаснува за тоа што жените треба да очекуваат да се случи со женското тело кога ќе престанат да имаат секс.

Ова е само повеќе причина веднаш да престанете со целибатот и да го нападнете партнерот (доколку го имате). Ако не, секогаш ви останува да мастурбирате … 

Постојат бројни причини зошто жените можат да престанат да се сексаат, без разлика дали се во фаза на врската кога не им до тоа или едноставно немаат со кого. Она што не е познато е дека сите видови процеси се случуваат во женското тело откако ќе престанат со активностите во кревет.

“Мислам дека луѓето престануваат да се сексаат кога сексот им е болен и непријатен и веројатно не се ни сеќаваат што точно довело до тоа. Можеби жената е во период на сувост на вагината, можеби има проблеми во врската … Можно е вагината претрпела некаква траума или има вулварен дерматитис, што воопшто не е невообичаено“, објаснува д-р Ginni Mansberg за Daily Mail, наведувајќи што се случува во женското тело кога нагло ќе престанете да имате секс.

Губење на либидото

Женското либидо е многу посложено отколку машкото. Тоа не е само физичка работа како нивната и затоа е тешко да се истражи. Жените кои се во долги врски често немаат голема сексуална желба бидејќи партнерот повеќе не се грижи за нив или за нивниот изглед. Некои ја губат желбата за секс ако поминало премногу време од последниот чин. Несовпаѓањето на либидото кај паровите може да создаде проблеми. Ако жената сака да има секс, а мажот не сака, за неа тоа е голем удар и може да почне да се чувствува непожелно.

Д-р Ginni Mansberg.

Губење влага

Ако немате секс подолго време, вагината може да се стегне и да стане помалку успешна во производството на природен лубрикант. Тоа е затоа што естрогенот е делумно вклучен во навлажнување и проширување на вагината. Клетките кои произведуваат лубрикант се полнат со естроген и ја обложуваат вагината. Ова е пожелно бидејќи ја чисти вагината. Жените кои имаат проблем со сувост на интимната област помалку уживаат во сексот и се повеќе склони кон инфекции на уринарниот тракт. Купечкиот лубрикант често не е добро решение, затоа е неопходно да се оди на лекар.

Стеснување на ѕидовите на вагината

Ѕидовите на вагината се мускул кој, иако не може да ослабне, може да се разреди. Вежбите за карлицата и оргазмите прават тој мускул да се стега и така таа закрепнува. Можеби ова не е толку голем проблем, но вашите оргазми нема да бидат толку интензивни како порано ако тој клучен мускул се разреди, што се јавува поради недостаток на секс и контракции.

Повеќе стрес

Сексот е познат како ослободувач од стрес. Жените кои имаат секс се генерално посреќни и во поздрави врски. Иако не е цврсто правило што важи за секого, статистиката вели дека ако редовно имате секс, најверојатно ќе бидете во разумна врска со вашиот партнер. Сексот го намалува нивото на стрес и затоа луѓето кои го практикуваат се порелаксирани и не се караат често.