Решена древна загатка ! Откриено кога бакнежот станал повеќе од самиот израз на наклонетост

1373

Една нова научна студија го доведува во прашање потеклото на сексуалниот бакнеж во човечкото општество и сугерира дека тој не се раширил од едно место, туку го практикувале неколку древни цивилизации.

Постои голема дебата за тоа кога во историјата луѓето почнале да се бакнуваат на повеќе од романтичен начин. Многу извори велат дека најраните докази за сексуално бакнување се во санскритските текстови напишани во денешна Индија пред околу 3.500 години.

Некои истражувачи сугерираат дека сексуалното бакнување оттаму се раширило низ светот, а често се вели дека и освојувањата на Александар Македонски имале улога во неговото ширење.

Теоријата дека сексуалното бакнување се шири низ светот од едно место е поврзано со промените во ширењето на оралните болести. Студијата објавена во 2022 година сугерира дека вирусот на herpes simplex 1, кој предизвикува херпес на усните, станал почест поради појавата на сексуално-романтично бакнување.

Двајца мажи се бакнуваат во овој древен египетски релјеф.

Нови (стари) докази

Сепак, доказите од Месопотамија и Египет сугерираат дека сексуалниот бакнеж се појавил независно и на многу места и не се раширил одеднаш низ светот, вели Troels Pank Arbøll од University of Copenhagen во Denmark.

  • Ова покажува дека тој бил познат на многу поширок простор во античкиот свет отколку што мислеле луѓето кои ги формулирале овие теории, нагласува Arbøll.

Arbøll, исто така, вели дека појавата на сексуалниот бакнеж во Месопотамија со децении им е позната на неколку експерти кои знаат да го читаат клинестото писмо, што го користеле неколку древни цивилизации, но не и на пошироката научна заедница.

Во општата на научна заедница, луѓето не биле свесни за овој доказ бидејќи никаде не бил цитиран, објаснува Arbøll, кој заедно со неговата сопруга, биологот Sophie Lund Rasmussen од University of Oxford, решиле да направат студија во која го опишале занемарениот доказ.

  • Иако бакнувањето ретко се споменува во текстовите на Месопотамија, овие споменувања покажуваат дека тоа се сметало за вообичаен дел од романтичната интимност во античките времиња, истакнува Arbøll.

На пример, еден текст од пред околу 3800 години опишува како мажена жена била на работ на неверство после бакнеж. Друг текст од истото време опишува невенчана жена која ветила дека ќе избегнува бакнување и секс.

Макета од вавилонска глина датирана во 1800 г.п.н.е. покажува разголена двојка на каучот ангажирана во секс и бакнување.

Поголема распространетост и можна уште подревна практика

Со оглед на географското ширење, мислам дека сексуалното бакнување мора да има повеќе извори. Тоа не е нешто што настанало на едно место, вели Arbøll.

Arbøll и Rasmussen истакнуваат дека постојат проверени докази дека современите луѓе (homo sapiens) и неандерталците се бакнувале или барем разменувале плунка на некој начин. Згора на тоа, дури и приматите, како што се мајмуните bonobo, исто така учествуваат во сексуално бакнување уста на уста. Затоа, можно е луѓето да се бакнуваат сексуално многу подолго отколку што сугерира пишаната историја.

Мислам дека е многу веројатно дека потекнува многу наназад во минатото, заклучува Arbøll.

Боно балнеж

Нема докази дека претцивилизациските општества сексуално се бакнувале

Сепак, една студија од 2015 година на William Jankowiak од University of Nevada, Las Vegas, и неговите колеги не откриле докази за сексуално бакнување во општествата на ловци-собирачи.

Моето претчувство е дека бакнувањето потекнува или било откриено меѓу елитата во сложените општества. Елитата била способна да бара задоволство и да го претвори сексот во еротска средба, смета Jankowiak.

Дознал и дека сексуалното бакнување е почеста во студените региони.

Ова може да биде затоа што на места каде што телата на луѓето се покриени со облека, лицето е единствената област достапна за допир, вели тој.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.