Исфрлете ја негативната енергија од секојдневниот живот

2430

Светот околу нас се менува со голема брзина. Темпото кое ни го наметнуваат секојдневните обврски е жестоко, особено ако живеете во град.

Лошата исхрана дополнително го слабее организмот и придонесува кон се поголемо количество негативна енергија. За да ја растоварите вашата психа и организам, придржувајте се кон следните пет совети како да ја исфрлите цела негативна енергија од телото, а притоа да останете верни на своите секојдневни обврски.

1. Длабоко вдишете и издишете

Колку ова да ви се чини смешно, има ефект. Засолнете се на минутка во некоја тивка просторија или ходник и длабоко вдишете и издишете неколку пати. На тој начин вашите отчукувања на срцето ќе се смират, а мозокот ќе добие информација оти се е во ред. Лошите вести отпрвин ви се чинат како да е крај на светот, но во тој момент прво што треба да направите е да запрете, да затворите очи и длабоко да дишете. Запомнете, се ќе биде во ред.

2. Појадок

Иако знаеме дека појадокот е најважниот оброк за подобро да се подготвиме за новиот работен ден, повеќето луѓе не појадуваат, или денот го почнуваат со пиење филџан кафе на празен желудник, што е една од најлошите утрински навики. Интегралната кифла што сте ја купиле во пекарница не е лош избор, но на тоа пециво треба да се додаде барем уште еден јогурт, варено јајце или грст житарки. Со квалитетен појадок ќе му олесните на организмот да се бори со секојдневните предизвици.

Продолжува на страна 2