Знаци кои откриваат дека не уживате во сексот со партнерот

912

Сексот е важен дел од секоја љубовна врска.

Паровите кои добро се слагаат во кревет помалку се расправаат за разлика од оние кои имаат лош сексуален живот.

Кога сексот во една врска е лош тоа може да укажува на многу поголеми проблеми во врската. Најважно е да се пронајде изворот на проблеми и да се дојде до заемно решение.

Овие неколку знаци откриваат дека не уживате во сексот со партнерот:

1. Сексот го доживувате како обврска

Никој не ги сака обврските, а доколку се чувствувате должно кон партнерот да му овозможите сексуално задоволството тогаш се мали шансите да уживате во сексот.

2. Секогаш наоѓате изговори

Кога сте незадоволни од сексуалниот живот секогаш ќе смислувате некоја друга обврска за да го избегнете.

3. Мечтаете за други

Не е грев понекогаш да замислувате секс со други во текот на сексуалниот чин, но ако тоа го правите постојано тогаш нешто не е во ред.

Продолжува на страна 2