Што ако тргне на лошо ? Elon Musk го претстави Tesla Bot, експертите скептични – Постојат страшни ризици и можеби не сме подготвени за ова

714

Пред технологијата да стане натчовечка, таа прво мора да биде човечка, или барем осмислена да функционира во светот проектиран од човекот.

Милијардерот и иноваторот Elon Musk најави хуманоиден робот дизајниран да помага во повторувачки, здодевни задачи што луѓето ги презираат како одење по намирници, но најверојатно би можеле да извршат низа задачи кои вклучуваат работа со раце, пишува ScienceAlert.

Така наречениот Tesla Bot е концепт на елегантен робот кој личи на човек од приближно 55 килограми. Ќе вклучува вештачка интелигенција и технологија за авто пилот на Тесла за планирање и следење рути, движење на пешаците во сообраќајот и избегнување пречки.

Некои експерти ги гледаат роботите и автомобилите на Тесла како дел од поголем план чија цел е да се создаде иднина во која напредната технологија ќе ги ослободи луѓето од нивните биолошки корени, со мешање на биологијата и технологијата.

Andrew Maynard, експерт кој го проучува етички и општествено одговорниот развој на новите технологии, верува дека овој план предизвикува загриженост што ги надминува шпекулативните научно-фантастични стравови од супер-паметни роботи.

Иноватор со големи планови

Автомобили што возат самостојно, меѓупланетарни ракети и спојување на мозокот со компјутери се чекори кон иднината во која Musk ја замислува технологијата како спасител на човештвото.

Во иднина, енергијата ќе биде ефтина, обилна и одржлива; луѓето ќе работат во согласност со интелигентните машини, па дури и ќе се спојат со нив, а луѓето ќе станат меѓупланетарен вид.

Musk замислува луѓе кои го надминуваат еволутивното наследство користејќи технологии што личат на „супер“ човек. Но, пред технологијата да стане натчовечка, таа прво мора да биде човечка, или барем дизајнирана да функционира во светот создаден од човекот.

Компликации и ризици

Технологијата на „само-возење“ на Тесла е почетна точка за програмерите на Tesla Bot. Колку и да изгледа импресивна оваа технологија, таа не се покажа толку сигурна.
Судирите и смртните случаи поврзани со „Автопилотот“ на Тесла го доведуваат во прашање таквото нагло пуштање на технологија во оптек.

Овие податоци се загрижувачки бидејќи хуманоидните роботи се потпираат на истата технологија, но не се работи само за усовршување на технологијата. Имено, проблемите на Тесла со Автопилотот влошени се со човечкото однесување. На пример, некои возачи ги третираат своите автомобили како да се целосно самостојни возила и не посветувале доволно внимание на возењето. Затоа, експертите се прашуваат дали слично може да се случи и со Tesla Bot.

Tesla Bot

Тие исто така додаваат дека роботот на Musk доаѓа со голем број ризици, како што е можна закана за приватноста и автономијата, бидејќи роботот собира и споделува чувствителни податоци или потенцијални недоследности помеѓу етичките или идеолошките перспективи. Ова се предизвици кои ретко се опфатени со обука на инженери, а нивниот надзор може да предизвика катастрофа.

Иако за многумина Tesla Bot изгледа бениген, ако сака да биде корисен и комерцијално успешен, неговите развивачи, инвеститори и идни сопственици треба да поставуваат тешки прашања за тоа како може да го загрози она што им е важно и како ќе се справат со тоа. На пример, луѓето може да ги нарушат перформансите на роботот без да размислуваат за ризиците, или неговите напредни системи за надзор може да ја нарушат приватноста.

Дали ни е потребен Tesla Bot?

Tesla Bot може да изгледа како мал чекор кон визијата на Маск за натчовечки технологии, но се поставуваат сериозни прашања. На пример, колку е одговорна визијата на Musk? Само затоа што може да работи на создавање на иднината од своите соништа, дали треба да го стори тоа? Дали иднината што ја замислува е добра за човештвото? Кој ќе ги сноси последиците ако работите тргнат наопаку?

Сепак, тоа не значи дека Tesla Botне е добра идеја. Трансформативните идеи и технологии можат да отворат иднина полна со можности за милијарди луѓе. Сепак, ако потрошувачите, инвеститорите и другите заслепени од сјајот на новата технологија не ја видат поголемата слика, општеството ризикува да им ја предаде иднината на богатите иноватори чија визија оди подалеку од нивното разбирање.

Ако нивните визии за иднината не се согласуваат со она за што се стремат повеќето луѓе, тие би можеле да застанат на патот за градење на праведна и еднаква иднина. Таа лекција од SF и дистописките филмови треба да се научи додека Tesla Bot преминува од идеја во реалност. Далеку поголем предизвик од хуманоидните роботи е да одлучат кој ќе може да ја замисли иднината и да ја изгради.