ДИГИТАЛНА АРХИВА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА КРИТИКА

810

Драги колеги (музиколози, музички уметници, композитори, диригенти, музичари) и почитувани вљубеници во музиката.

Среќен сум што денес официјално можам да ја најавам јавната употреба на проектот што со двете мои колешки, – м-р Елени Новаковска и м-р Јана Коловска Бојовиќ, го работевме изминатата година. Според моите сознанија – прв е од ваков вид на Балканов, иако не сум сретнал сличен (барем кога се работи за музичката уметност и критика) воопшто. Сеедно. Од денес, како што напишав во воведот на самиот проект, – деновите, неделите, па и месеците минати во библиотеките во потрага по определен напис, или дури само податок за музиката кај нас (во овој момент – критика, но во иднина и сите други жанри) ќе бидат минато. Нив, – написите за музиката ќе можете да ги наоѓате, читате, користите на најлесен начин, каде и да сте и од кој и да е уред што поддржува пребарување. Но, да не давам долг опис на она што ќе го видите во краткото видео што го подготвив и низ неколкуте екрански слики што ги приложувам.

Видеото, кое е и своевидно упатство за користење, можете да го видите на следниов линк:

И она што е најважно: првата фаза од ДИГИТАЛНАТА АРХИВА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА КРИТИКА можете да ја користите на начин што е прикажан во видеото на следниов линк: https://sprintstudio.com.mk/kritiki/

И уште една молба: Проектот е во почетна фаза. Наредните години се надевам ќе успееме да ги обработиме децениите што недостигаат. Тоа е долготрајна, релативно сложена и макотрпна работа (барање, подготовка на база, скенирање, индексирање итн.). Молам, сите забелешки, воочени пропусти и сугестии да ми ги доставувате во инбокс. За да може да се исправат и во иднина архивата да биде беспрекорно точен извор на најдрагоцените информации за музичкото минато на современата македонска музичка култура. Благодарам, во мое и во името на колешките што до сега беа вклучени во негова реализација. Во иднина нивниот број ќе биде поголем.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, за што сум бескрајно благодарен, бидејќи без таа скромна помош, идејата што долго тлееше не можеше да биде реализирана. Без оглед на желбите на Центарот за музикологија и Музичкиот издавачки центар преку кои е реализиран (ЦЕМ) и потпомогнат (МИЦ) овој проект.

Марко Коловски

ДИГИТАЛНА АРХИВА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА КРИТИКАДраги колеги (музиколози, музички уметници, композитори, диригенти,…

Gepostet von Marko Kolovski am Sonntag, 23. Dezember 2018

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk