Дали потрагата по среќата всушност не прави несреќни?

107

Ако сте само во потрага по среќа, тогаш вие го правите тоа погрешно.

Ние сме постојано потсетувани кои се бенефитите од фактот кога сме среќни. Среќните луѓе се поуспешни, имаат подобар сексуален живот, повеќе пријатели и се задоволни повеќе од физичкиот изглед. Сепак доколку само мислиме на тоа да бидеме среќни, нема да можеме да го постигнеме така лесно.

Важноста на фактот дека треба да бидеме среќни во животот, не носи до големо разочарување. Константната анализа на тоа колку сме среќни, го потценува вистинското искуство што го доживуваме. Обичните моменти кои не ни пружаат особено големо задоволство не ни носат доволно среќа и задоволство. Постојаната потрага по среќа не носи и до тоа да бидеме осамени.

Она што треба да го разбереме е дека животот не го прават среќен безброј весели моменти едни по други поврзани, туку вистинско разбирање на неговата цел и намена. Денес социјалниот притисок да се биде среќен е навистина голем.

На пример, почнете да се фокусирате повеќе на добрите дела во животот отколку потрагата по среќа. На тој начин, ќе прифатите дека не може секој период од животот да биде според вашите замисли и ќе почнете да уживате во секој момент како да е последен.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.