Контроверзниот кинески научник повторно шокира | Со модификација на гените сака да избегне појава на сé пораспространета болест

1273

Неговиот јавно објавен предлог ги збуни и научниците и експертите за медицинска етика.

Контроверзниот кинески научник He Jiankui, кој ги налути научниците ширум светот кога во 2018 година откри дека се родени првите деца со „уредени гени“, уште еднаш предизвика неверување со својот предлог за модификација на човечки ембриони.

Во документот објавен на неговиот профил на Twitter, тој презентира предлог за истражување што ќе вклучува уредување на гените на ембриони на глувци, а потоа и на оплодените човечки клетки, за да се утврди дали оваа вештачки создадена мутација обезбедува заштита од Алцхајмерова болест. Во предлогот, пак, се наведува дека овие модифицирани човечки ембриони нема да бидат имплантирани, а експериментите треба да бидат одобрени и од државата.

Со оглед на тоа што He Jiankui беше осуден на три години затвор во Кина во 2019 година за „незаконска медицинска пракса“, тешко е да се поверува дека тој би можел да добие одобрение од кинеските регулатори за спроведување такви експерименти.

Да потсетиме, по неговата најава за „модифицирани бебиња“, кинеските власти ги заострија правилата и етичките стандарди кои го регулираат научното тестирање на човечките гени. Тие, исто така, му забранија на He Jiankui да се занимава со каков било бизнис поврзан со асистирана репродукција и му го ограничиле пристапот до човечките генетски ресурси.

И покрај тоа, неговиот јавно објавен предлог ги збуни и научниците и медицинските етичари.

Целата работа е, искрено, луда, изјави за CNN, Peter Dröge, вонреден професор на Nanjang University of Technology во Singapore. Тој истакна дека предложеното истражување може да се смета за чекор во истражувањето за манипулација со гените во иднина.

  • Тој во основа сака генетски да го модифицира човечкиот вид за да не заболат од Алцхајмерова болест, рече тој.

На прашањето на CNN, He Jiankui само накратко одговори дека моментално собира повратни информации од научниците и биоетичарите и дека нема временска рамка за студијата. Тој додаде дека нема да прави никакви експерименти додека не добие дозвола од владата, но и дека во овој случај се работи за потенцијална претклиничка студија.